Заев: Не размислувам за предвремени парламентарни избори

by fokus 14:10
14:10

Не размислувам за предвремени парламентарни избори бидејќи приоритет во моментов е завршување на локалните избори кои се во тек, а нивниот досегашен резултат ме охрабрува да се фокусирам на носење сериозни одлуки, меѓу кои и за прашањето за името на транспарентен и инклузивен начин, изјави денеска премиерот, Зоран Заев.

„Веројатно ќе ги носиме одлуките по 29-ти. На оваа поддршка гледам како поддршка за работа, а не пак за избори. Македонија има сериозни одлуки пред себе и треба да ги носи на еден транспарентен и инклузивен начин, меѓу другото и одлуките за проблемот којшто Грција ги има со нашето уставно име, рече Заев на заедничката прес-конферeнција со претседавачот на Советот на миниситри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.

- Advertisements -

Тој потсети дека го повикал посредникот во разговорите Нимиц уште во ноември по изборите да излезе со нови предлози и идеи за надминување на спорот за името.

„Јас го повикав медијаторот Нимиц уште во ноември после изборите да дојде со нови предлози, идеи и со можни решенија по што би навлегле во нивно решавање и би ја повикал опозицијата да учествува во ова прашање, институциите на системот, но во функција на изнаоѓање решение, а не на негово одложување. Затоа што навистина сакаме Македонија да стане 30-та членка на НАТО и затоа што е значајно одлуките што ЕУ ќе ги носи на пролет е одлична можност да почнеме преговори, а сите знаеме дека мораме да направиме нешто со овој сензитивен проблем како наметнат од грчка страна, рече Заев.

Фото: МИА

Поврзани новости