Изненадување за жените од СДСМ Неготино: Фала што бевте прекрасни!

by Fokus

Тони Делков, новиот градоначалник на Неготино од редовите на СДСМ и Диме Витанов, новиот претседател на Советот на општината, ги почестија жените активистки на партијата, кои со години наназад се бореа за идеалите на СДСМ.

Со торта, на која на неготински дијалект е испишано – Фала шо бете прекрасни, тие им се заблагодарија за поддршката на припадничките на понежниот пол и порачаа и во иднина да останат сплотени и посветени во борбата за подобар живот во Неготино, и во земјава.

,,Форумот на жени на СДСМ Неготино секогаш бил еден вид на ударна тупаница во нашата борба. Заедно ја донесовме победата, заеднички и славиме. Овие храбри жени чекореа во чекор со нас, рамноправно, и затоа со овој скромен гест им благодариме за поддршката’’ – ни изјави Витанов.

Тони Делков ја доби довербата на граѓаните со 6.455 гласа, односно 51.44 проценти. Зад него остана Златко Пенков, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ со 5.630 гласа, односно 44.86 проценти, и независниот кандидат Ѓорѓи Ајтов, кој освои 135 гласа, односно 1.08 проценти од гласовите. Излезеноста на гласањето во Неготино беше 78.08 проценти, а гласаа вкупно 12.549 лица. СДСМ Неготино доби осум, а ВМРО ДПМНЕ седум советници.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости