Лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека жали за поддршката што му ја дале на градоначалникот на Струга од редовите на ДУИ Размир Мерко.
-Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но, заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заедничко концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата – рече Заев.
Тој истакна дека коалицијата со ДУИ после парламентарните избори во 2016 година била нужност поради освоените мандати, но, како што рече, нема да биде така после претстојните избори.
-49 пратеници добивме после бомбите, после откривањето на целиот криминал и запустеност во државата и опција освен со ДУИ да се направи мнозинство немаше, другите партии беа со 5, 3, 2 пратеници… Веќе нема како резултатите да не упатат на коалиција со ДУИ, зашто веќе ДУИ и најголемиот нивни опонент – Алијанса за Албанците со Алтерантива, се блиску со маданти. Дури и да има разлика од 2-3 плус минус мандати меѓу нив, тогаш ни даваат опција да избираме – рече Заев.