Заев: Не кантонизација, туку конфискација на украденото

by Fokus

Федерализацијата е само во главата на Груевски. Кантонизацијата којашто ја споменува не знам од каде му паднала на памет. Веројатно мисли на конфискацијата, конфискацијата ќе ја има после овој грабеж што се случи, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Според него, Законот во Македонија е јасен и нашиот Устав е европски и либерален и ги гарантира сите правата на граѓаните, само треба нивна примена.

– Ниту Устав ќе се менува, ниту има потреба од промена на некои законски решенија. Постојниот Устав и постојниот закон дава можност за практична реализација на потребите на граѓаните од овој аспект. Тие само тоа го бараат. Јас ги кажав примерите со детето со талент по музика. Буквално не може да се запише на основно музичко образование оти нема професор по теорија и солфеж. И Уставот и законот тоа го гарантира, зошто не се спроведува? Бабичката не може да добие нега за трето лице поради тоа што некому не му било ќеф да и одговори на албански јазик во општина во која постои двојазичност. Денеска имаме еклатантни примери. Шуто Оризари има по закон право да зборува на ромски, зашто има повеќе од 20 отсто Роми. Зошто не се применува законот? Покрај македонскиот, зборуваат и на албански јазик – вели Заев во интервјуто.

 

Поврзани новости