Заев: Нашата борба ќе одекне посилно од пушка

by Фокус

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, на денот на Антифашистичкото востание, порача дека актуелната влада ги урниса темелите на слобода и правда од НОБ, вградени во Уставот.

– Треба да знаат сите дека на денот кога ја чествуваме првата пушка во Куманово и Прилеп, Македонија најавува една нова борба, но треба да обзнаниме јасно дека нема да дозволиме повторно пушките од минатото да ги ископаме, туку оваа борба ќе ја водиме со гласот на народот, којшто ќе одекне посилно од која било пушка – рече Заев.

Поврзани новости