Костовска: Починатиот Британец не престојувал на места каде има ебола

by Фокус

Мала е веројатноста Британецот Колин Џефри да починал од ебола, бидејќи тој не се движел во подрачја каде е регистриран овој вирус, соопшти Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство.

– Денеска добивме детална потврда од нашите партнери од Велика Британија за движењето на починатиот во последните неколку месеци и од епидемиолошката анализа на овие податоци може да се заклучи дека е уште помала веројатноста да станува збор за вирусот ебола – рече Костовска.

Според неа, во моментов трае анализа на материјалот во лабораторијата во Хабмург на материјалот за дефинитивно утврдуавање на причината за смртта, а резултатот ќе се знае доцна попладне.

– Засега во Македонија нема друг сомнителен случај. Лицата кои моментално се наоѓаат во карантин се во добра општа здравствена состојба и не покажуваат никакви симптоми, а особено е важно што меѓу нив нема состојба на паника и покажуваат разбирање за превентивните мерки кои ги презема здравствениот систем – истакна таа.

Џефри, кој бил директор во Џонсон Мети и работел како советник во македонската влада, почина на инфективната клинина откако му се слошило во хотел во трговскиот центар Мавровка.

Поврзани новости