Заев: Народот ќе слушне за бизнис релациите, милионските тендери и криминалните зделки меѓу ДПМНЕ и ДУИ

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска ја објави 31-та бомба во која ги објави, како што вели криминалните договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалиционен партнер ДУИ. Тој објави како се договарале милионски зделки, како се трошеле пари, какви незаконски набавки правеле и како цело време се покривал криминалот.

Во првиот сет разговори, што ги објави Заев може да се слушне разговор меѓу шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и вицепремиерот Муса Џафери. Според објавените аудио-снимки, тие договараат како Мијалков да заврши работа и да се вратат запленетите компјутери на пријател на Џафери, а веќе во вториот телефонски разговор Мијалков го известува дека е завршена работата.

Дел од разговорите се меѓу министерот за здравство Никола Тодоров и првата полицајка Гордана Јанкулоска. Тој и објаснува како се правеле незаконски набавки во министерството за здравство, како се правени анекси и на нив се набивале цени. Тодоров во телефонскиот разговор објаснува дека поранешниот министер за здравство Бујар Османи за реконструкцијата на Охридската општа болница, како што вели, бадијала потрошил 400.000 евра и дека цело време имало проблеми со реконструкцијата.

Заев рече дека со поднесувањето на оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков се водело кон крајот на „владеењето“ на Никола Груевски. Според него, тоа само докажува дека сите разговори што биле објавени се вистинити.

Поврзани новости