Заев: Најостро ги осудувам насилствата

by Фокус

Остро да ги осудам насилствата што во никој случај не се дозволиви за една цивилизирана земја, каква што мнозинството граѓани, посакуваат да биде Македонија, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев за протестите за случајот Монструм.

„Насилството не е решение за ниту еден проблем. Ја оддалечува дополнително Македонија од европските и светски вредности и нашите заеднички цели за евро-атлантски перспективи. Затоа, повикувам на максимална, индивидуална и колективна одговорност како народ, за да се спречат поголеми штети од ова што веќе и се случува на земјава! Не постои изговор што може да ги амнестира коалициските партнери Никола Груевски и Али Ахмети за состојбите во државава. Тие двајца се подеднакво одговорни за урнисаните и партизирани институции во Македонија. Самиот Ахмети, коалициски партнер во власта на Груевски изрази недоверба во институциите на системот“, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните да не потпаѓаат под провокации, да се воздржат од насилство и да покажат што значи зрелост.

 

Поврзани новости