ДПА и ДУИ апелираат за мирни протести, без насилство

by Фокус

Двете албански партии ДУИ и ДПА денеска излегоа со идентични соопштенија. Тие побараа од Албанците на утрешните протести да протестираат мирно и достоинствено. Според нив, демонстрантите не треба да прибегнуваат кон насилство, но надлежните институции треба да се справат со овој судски случај според меѓународните стандарди.

„Земајќи ги предвид унифицираните апели на меѓународната заедница во земјата, Демократската Партија на Албанците, силно ги повикува сите граѓани да бидат смирени и да се воздржат од акти на насилство. Сите граѓани имаат право да протестираат и да ги изразат своите ставови мирно, но не и да се вклучат во насилни или деструктивни дејствија“, се наведува во соопштението од ДПА.

Со сличен став излегоа и од ДУИ. И од таму тврдат дека секој има право да протестира, но не и да се вклучи во насилство.

Поврзани новости