559
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев најавува кривична пријава за нудење на поткуп. Тој тврди дека една година некој се обидувал да го мести со нудење на пари и дека се работи се осмислено местење.
-Една година и нешто повеќе се мачат како да наместат давање на пари на претседателот на опозицијата. На сите начини се обидуваат тоа да го направат. Се подготвува кривична пријава која ќе биде доставена од моја страна за осмислено нудење на поткуп и осмислено договарање за местење на поткуп. Ако имаше местење со давање пари тоа ќе беше објавено сигурно од страна на, не би ги нарекол веќе државни органи туку партиски органи – тврди Заев.