Столтенберг: Опозицијата мора да има услови за работа

by Фокус

Слободата на медиумите и важноста опозицијата да има добри услови за работа се демократски вредности кои треба да се почитуваат од страна на сите, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој денеска во Брисел оствари средба со македонскиот премиер Никола Груевски.

– Ја подвлекувам важноста на има независна и длабока истрага во многу сериозните обвинувања кои беа кажани. Исто така, одговорните треба да поднесат сметки за тоа што се случило. Затоа е важна независна и длабока истрага за овие обвинувања – рече Столтенберг, коментирајќи ја аферата со прислишувањето во земјава.

Поврзани новости