Мехмети: Албанец на чело на преодната влада

by Фокус
Доколку надминувањето на политичката криза финишира со некоја преодна Влада, би требало премиерот да биде Албанец, смета пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети.
„Во услови кога двете партии од македонскиот блок се длабоко разединети и на различни страни, само албанската етничка заедница, која директно не учествува во кризата, може да биде посредник“, напиша Мехмети на нејзиниот фејсбук профил.
Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции од нејзината партија, пак, денеска изјави дека состојбата во државата е сериозна и затоа неопходно е политичко и правно решение, со помош на меѓународниот фактор.

Поврзани новости