Премиерот Зоран Заев денеска од Школка говореше за стратешките цели на земјата – влезот во ЕУ и НАТО, нагласувајќи дека европските вредности се иднината на земјата.
-Стартот на преговорите за членство во ЕУ, во октомври ќе го зајакне континуитетот на домашните реформи. Остануваме посветени на зајакнување на владеењето на правото и зголемувањето на животниот стандард, а членството во НАТО и преговорите за членство во ЕУ ќе ни дадат дополнителна енергија и поддршка за тие реформи, истакна премиерот.
Упати порака и до бизнисмените и земјоделците да го дадат својот придонес за еднаков пристап до пазар од 500 милиони потенцијални клиенти – Европскиот пазар, но и до студентите да ги запознаат и шират перспективите за неограничени можности за патување и учење, за градење искуства и вештини кои ќе им создадат шанси за добро платена работа, тука во нашата земја.
Се обрати и до жените и им порача дека сите се еднакви во оваа наша убава земја. -Преземете иницијативи, државата ќе врати со уште повеќе отворени врати. Спремно ни е општеството за тоа, додаде тој.