Мицкоски од Кораб: Кога животот станува пекол, да се избориме за нашата земја!

by Fokus

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски денеска се искачи на највисокиот врв во Македонија, Кораб, упатувајќи честитка за 28 години независност на Македонија.

Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот…

Publiée par Hristijan Mickoski sur Dimanche 8 septembre 2019

„Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме.

Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!
Да сте живи и здрави Македонци“, рече Мицкоски.

Поврзани новости