Заев на утринска средба со Меркел

by fokus

Премиерот Зоран Заев утринава треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е закажана за во 9.30 часот, во рамките на бизнис форумот во Берлин.

Портпаролот на федералната влада, Штефен Зојберт, потврди дека Меркел тогаш ќе го пречека Заев во Сојузната канцеларија.

Предмет на дискусијата ќе бидат билатералните односи и прашањата на надворешната политика, се вели во соопштението.

Премиерот Заев од Меркел очекува да добие јасен одговор дали Скопје ќе добие или не датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Заев пред патувањето во Берлин на телевизиски настап на „24 Вести“ изјави дека ако таков датум не биде добиен, тогаш може да има последици поради вмешување на трета држава во регионот, без да посочи за кого станува збор.

Поврзани новости