Пеколни температури, државата во жолта фаза

by fokus

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Максималните температури ќе достигнат 39 степени.

Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури, во рамки на Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:
  • Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот;
  • Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината);
  • Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови;
  • Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалоци;
  • При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;
  • Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред сѐ климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;
  • На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

Поврзани новости