Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.
Целта на посетата е средби на Заев со граѓаните од дијаспората од Македонија, во Швајцарија.
Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, претседателот Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија. Во 20.30 часот, вечерва, претседателот Заев ќе има Трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.
Утре претседателот Заев ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има форморано своја партиска организација.