ВМРО за Македонија очекуваат 15 пратеници

by Fokus

Вечерва во 18 часот ВМРО за Македонија предводена од Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и генералот Стојанче Ангелов на својата конвенција во Македонската опера и балет ги преставија своите листи на канадидати за пратеници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември.

Тие очекуваат најмалку 15 пратеници, а ќе се борат против реваншизмот и омразата.

Георгиевски смета дека најголем грев на народот ќе биде ако на една партија и дадат 63 пратеници, бидејќи тоа водело кон присилби и тензии, додека Бошкоски ече дека патот по кој што тргнале е тежок, но со победничиот двоец засилени со генералот Ангелов имаат сили и ќе се движат кон врвот, кон Хималаите.

Ангелов пак, тврди дека дошло време борбата да се продолжи во политиката.

Поврзани новости