405
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретна со амбасадорот на Албанија во Македонија, Фатос Река.
-Очекуваме на 29 јануари Никола Груевски да го врати мандатот и дека СДСМ е партијата што ќе формира Влада во Република Македонија- рекол Заев на средбата.
Тој го информирал албанскиот амбасадор за очекувањата на СДСМ за разврска на политичката криза во правец на демократските промени за коишто гласаа мнозинството граѓани на Македонија на 11 декември, како и за очекувањата за соработка со албанските партии, соопштуваат од партијата.