Коцијанчич: Уставно мнозинство значи широка коалиција

by fokus 15:47
15:47

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска ја објасни изјавата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан , кој вчера рече дека за земјата (Македонија) е добра Влада со уставно мнозинство.

Коцијанчич објасни дека Хан со вчерашната изјава  мислел на потребата да  има широк политички консензус и широка коалиција за  да може земјата ефикасно да се справи со многуте предизвици, известува МИА од Брисел.

-Сите главни политички партии се за реформската агенда за ЕУ и се согласуваат дека патот кон ЕУ е стратешка цел на земјата. Ако тие работат заедно кон оваа заедничка цел, тие ќе имаат де факто уставно мнозинство, што е важно на патот кон еврoпската интеграција, рече Коцијанчич.

Поврзани новости