Eвропратениците порачаа: СЈО мора да има време да ја заврши својата работа

by fokus

Македонија нема време за губење – порачаа денеска европратениците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, заедно со еврокомесарот Јоханес Хан.

-Апелираме до сите политичари да продолжат да работата на цврста и брза имплементација на Договорот од Пржино и реформски приоритети и да го поддржат Специјалното јавно обвинителство кое мора да има време и ресурси за да ја заврши својата работа на независен и неполитизиран начин- стои во заедничката изјавата.

Дипломатите ги повикаа политичките лидери да најдат, со целосно почитување на законските рокови, заедничка основа за формирање стабилна, цврста и одговорна влада.

-Таква коалиција би требало да се потпира на силен, инклузивен, реформски консензус и на меѓуетничка соработка. Сето ова е клучно за да се врати земјата на евроинтегративниот пат, на кој сите партии се обврзаа, а кој граѓаните го посакуваат и го заслужуваат – порачаа европратениците.

Поврзани новости