Заев: На сите ни растрепери срцето и душичката за НАТО освен на Мицкоски, може да се слика кај Манаки

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, на синоќешната партиска трибина во Битола говореше дека сите го поздравиле членството на земјава во НАТО освен лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, според Заев, не собрал сили макар да го поздрави фактот што државата влегла во најмоќната организација во светот.

-Сите бевме среќни и горди, на сите ни растрепери срцето и душичката, само не на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ. Не смогнаа сила еј да го поздрават тоа, два позитивни збора да кажат. Кога требаше храброст, тие се криеја кукавички, кога требаше одважност, без разлика на политички рејтинг, никаде ги немаше. Тие 8 пратеници што смогнаа храброст да гласаат, се сеќавате на тие моменти, им стоеја над главата. Тие беа прекршителни моменти за денес да имаме земја којашто не смее да ја чепне никој, за да бидеме среќни и горди. Подадовме дома рака за да се помириме, да градиме пријателство, ама немаа сила и храброст, зашто секогаш целта им била гола борба за власт за да ја крчмат државата и ништо друго. Затоа ќе им кажам – може да се слика таму кај Манаки – порача Заев, додавајќи дека опозицијата дека ќе може да претендира за власта откако ќе донесе храбри одлуки и авангардни чекори.

Притоа, тој истакна дека со членството на НАТО се испишува историја, со оглед дека тоа ја става државата во рамноправна позиција со најмоќните и демократските држави во светот, а воедно потврдува целовитоста и сувереноста на државата.

Поврзани новости