Нов земјотрес ја стресе Албанија, се почувствувал и во Црна Гора

by Фокус

Албанија ја затресе нов земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер, кој се почувствувал и во Црна Гора.

Земјотресот го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова.

Овој земјотрес бил со средна сила и хипоцентарот бил на длабочина од осум километри.

Земјотрес од ваков тип може да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.

Поврзани новости