Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Македонија, Зоран Заев синоќа од Брисел најави и дека се во полн ек и преговорите за составување на нова македонска Влада, која според него би требало да биде избрана на почетокот на идната недела.
Тој истакна дека со останатите партнери е речиси договорено се, освен со движењето БЕСА, но најави дека очекува затворање на списокот на министри до крајот на оваа недела.
– Можам да кажам дека со другите партии сме многу поблиску и во делот на она што значи распределба на ресори и во делот на аспектот на потребата за изнаоѓање на квалитетни кадри. Со партијата БЕСА се уште не сме стигнале да разговараме за кадри. Се уште разговараме за ресорите, вкупниот број колку, за пропорциите, одговорноста итн. Верувам дека многу брзо ќе дојдеме и да разговараме за имиња. Моја аспирација, а генерално и сите лидери заклучивме е да се обидеме до крајот на неделава да доставиме предлог до македонскиот парламент. граѓаните – изјави Заев.