Премиерите од Балканот и ветиле на Могерини дека ќе соработуваат

by fokus

За целосна посветеност да продолжат да работат на процесот на интеграција во Европската Унија се заложиле премиерите од земјите од западен Балкан на неформалната средба со Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност , се вели во соопштение од нејзиниот кабинет.

На средбата се разговарало за европската перспектива на регионот во ЕУ:

„Тие ја потврдија својата решеност и силните заеднички интереси за зајакнување на соработката и донесување на конкретни резултати за животот на граѓаните од регионот. Тие ја истакнаа својата посветеност на добрососедските односи и продлабочување на регионалното разбирање, преку меѓусебно почитување и соработка. Високата претставничка Могерини ги охрабри премиерите на шесте земји да ја забрзаат потребната работа, со цел да се задоволат очекувањата на нивните граѓани и да се доближат до својата иднина во Европската Унија“, се вели во соопштението.

На заедничката вечера наводно, како што јавуваат некои медиуми, српскиот премиер Александар Вучиќ и македонскиот мандатар Зоран Заев ги надминале недоразбирањата и се заложиле за коректна соработка во иднина.

Поврзани новости