Заев: На 17 мај ги обединивме различностите, од Роми до ЛГБТ заедницата

by Фокус

-Сите можни различности беа присутни, граѓанските аспекти, интелектуалните аспекти беа силна порака. Сите политичките определби, и Роми и ЛГБТ беа овде. За тоа сите имаме право да се гордееме. Тоа во преговорите со еврокомесарот Јоханес Хан и со европарламентарците беше добро оценето, а ЕУ ја задолживме уште повеќе да се втурне во менаџирање помош за излез од кризата, рече Зоран Заев на дебатата „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“, која во 18 часот започна на централната бина во протестниот камп пред Владата на Република Македонија.

Заев рече дека сега е моментот да се тргнат сите предрасуди на страна и да се изгради вистинска иднина за сите граѓани. Прво, како што рече тој, политичарите треба да покажат дека го менуваат менталниот склоп и да покажат дека чувствуваат одговорност.

-По заминувањето на овој режим, власта ќе опстои само ако биде максимално транспарента, оти тоа ќе биде единствената гаранција да не ја снајде Пасок во Грција. Буџетските средства мора да бидат транспарентни. На неделно ниво ние ќе ги обелоденуваме буџетските расходи. Граѓаните мора да бидат коректив со директен увид за тоа како се трошат народните пари. Премиерот и министерот на финансии ќе мора да носат буџет на јавна дебата, па ќе мора да кажат оти споменикот е поважен од канализација во едно село, изјави Заев.

Поврзани новости