Заев: Ќе се укине екстерното, а ќе се воведе приемен испит

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев рече дека кога тие ќе дојдат на власт ќе го укинат екстерното тестирање, а ќе се воведе приемен испит при упис на факултет. Ова тој го изјави на дебатата „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“, која во 18 часот започна на централната бина во протестниот камп пред Владата на Република Македонија.

-Што се однесува до екстерното, мислам дека тоа е најголема глупост, па поради тоа ќе се укине. Ќе се врати приемниот испит, изјави Заев.

Лидерот на опозицијата објасни дека математиката нема да се укине, туку неа ќе ја полагаат оние кои сакаат да се запишат на техничките факултети. Оние кои ќе сакаат да запишат некоја опшествена наука, нема да мораат да полагаат математика.

Поврзани новости