Нова лидерска средба

by Фокус

Политичките лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, во присуство на американскиот амбсадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав, денеска во 13.30 часот во Клубот на пратеници треба да ја оддржат третата лидерска средба во овој формат, која следува неколку дена по десетчасовната средба на двоецот Груевски-Заев во Стразбур со посредство на тројцата европратеници Иво Вајгал, Едвард Кукан и Ричард Ховит.

Според достапните информации, на средбите во Скопје не бил направен никаков напредок, иако Ахмети предложил да се формираат работни групи чија задача ќе биде да изнајдат мерки за излез од кризата, а опозицијата да добие три битни министерски позиции.

Дел од учесниците во преговорите изјавија дека политичките лидери воделе искрен разговор во Стразбур, додека некои медиуми објавија дека меѓународната заедница ќе делегира специјален претставник во земјава.

Поврзани новости