Заев: МВР ќе ја даде причината за пожарот во Тетово

by Fokus

Јас не можам да дадам наредба, налог, напатствија на орган кој не е под наша надлежност, тоа обвинителство. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

„Можам да побарам од МВР да го објават соопштат извештајот. Поминуваат недели, треба да се дадат одговори, прво за граѓаните, потоа и за нас, за да носиме одлука. Очекувам од следните денови да се објават од МВР детали од форензиката, а ОЈО, да продолжи со истрагата. Но, одговорот за како настанал пожарот и што се случило, сите детали поврзани со моментот, очекувам да бидат јавно објавени за да можам да ја донесам одлуката за поденесетните оставки на министрите , рече Заев.

Поврзани новости