647
По победата на претседателските избори во Бугарија, премиерот Зоран Заев истакна дека му ја честитал победата на Румен Радев.
-Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ.
Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина, напиша Заев на фејсбук.