Путин се ревакцинираше со Спутник Лајт

by fokus

Денеска, по ваша препорака и препорака на вашите колеги, добив втора вакцина Спутник Лајт. Тоа се нарекува ревакцинација, рече рускиот претседател Владимир Путин на средбата со Денис Логунов, заменик директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Како што изјави, два часа по споменатата процедура се чувствува добро.

Пути изразил желба да учествува во тестирањето на назалната вакцина на која работи научниот центар. Тој рече дека е подготвен веднаш да потпише документ со кој се согласува да учествува во експериментот.

Поврзани новости