Заев му ја честиташе изборната победа на Себастијан Курц

by fokus 16:17
16:17

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, му ја честиташе изборната победа на парламентарните избори на лидерот на австриската конзервативна Народна партија, Себастијан Курц.

„Во име на Владата и лично, од срцеви ја честитам победата, вам и на вашата политичка партија на предвремените парламентарни избори во Република Австрија. Република Австрија игра важна улога за стабилноста на регионот на Западен Балкан и се надевам дека заеднички, и во светлината на ЕУ аспирациите на Република Македонија, ќе придонесеме кон постабилен и просперитетен регион“, вели премиерот Заев во честитката до својот колега Курц.

Премиерот Заев во своето писмо потенцира дека за Република Македонија од особена важност е продлабочување на билатералната соработка со Република Австрија, зашто, како што вели во честитката, очекува заложби од двете страни.

- Advertising -

 

Поврзани новости