Заев: Мицкоски е поразен, крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да се модернизира

by fokus

Имаме успешни и демократски избори, добивме претседател на државата. Одекна мнозинската граѓанска определба, продолжувме заедно и одговорно напред. Патот е потврден и поплочен со успех. Ова е наша заедничка зрелост на дело, победа на концептот заедно напред, но пред се на граѓаните и на републиката, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на прес конференција во седиштето на партијата на Бихачка каде ја прослави победата на кандидатот, Стево Пендаровски.

-Од денеска ништо повеќе не е исто, никој повеќе не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Од различни етнички заедници, различни полтички определби, определени и неопределени, браво на сите. Исходот од денешните избори е потврда дека растеме уште повеќе, дека заслужуваме да одиме напред, нашето место е во НАТО и ЕУ, и точка. Крај за режимот. Нема веќе никогаш режим. Мицкоски е поразен, поразени се деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, политиките на поделби, на немање став, конфликти, сеење страв. Како власт во соработка со новиот претседател остануваме посветени на нашите приоритети – рече Заев.

Тој додаде дека ќе бидат отстранети слабостите во власта и им порача на сите функционери да му слугуваат на народот.

-Република Северна Македонија покажа како се надминуваат политичките бариери. Ќе се учи за оваа успешна политичка пракса и за оваа граѓанска зрелост. На Европа и даваме нова вредност. Ти честитам претседателе, да ни ги чуваш и штитиш граѓаните, биди посветен на она што го најдовме кај тебе како вредност, биди објективен, правичен, критичен, со слух за потребите на граѓаните. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој претседател на сите нас. Има зацртан пат на заедништво, соработка, солидарност, за подобар живот – посочи Заев.

Тој им се заблагодари на гласачите на Река, како и Алијанса за Албанците и БЕСА, кои, рече, ги оставиле гласачите да гласаат според своето убедување.

-Од овие избори сите треба да извлечат поуки. Нашата поука е призејмување на поединци и максимална посветеност. Поуката за нашиот опонент, крајно време е конечно да се модернизира, да ги напушти методите и да сфати дека Северна Македонија ја сочинуваат сите граѓани. Она што треба да остане е нашата подадена рака на помирување – порача тој

 

Поврзани новости