Заев: Ми велат дека јас сум на ред за атентат

by fokus 19:32
19:32

Безбедносни аналитичари го предупредиле македонскиот премиер Зоран Заев на ризик од атентат. Ова го изјави Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“.

-Сега некои аналитичари околу мене велат дека сега си ти на ред. Ако треба нешто да се случи нека се случи, јас сум прифатил да бидам премиер на мојата земја и на мојата држава и треба лидер, подготвен сум да носам одлуки какви што очекуваат моите граѓани, по цена, што биде нека биде, изјави Заев.

- Advertisements -

Тој рече дека ја прифатил функцијата премиер за да работи за Македонија, а ако нешто треба да се случи, тогаш тоа ќе се случи.

Поврзани новости