Ахмети на средба со францускиот амбасадор: Очекуваме меѓународна истрага за Диво Насеље

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, му кажал дека очекува за случајот „Диво Насеље“ да биде вклучена меѓународна истрага, да биде формирана анкетна комисија во Собранието и да има целосно расветлување на вистината.

Како што информираат од ДУИ, соговорниците разговарале околу локалните избори, политичката ситуација, реформските процеси во Македонија како и Евроатлантската интеграција на земјата.

-Во однос на реформите, Ахмети рече дека ДУИ останува посветена да ги води реформите во Собранието и во Владата како предуслов за продолжување на реформскиот процес со истиот интензитет по завршувањето на изборите. Ахмети говореше и за интензивирање на напорите за надминување на споровите со соседите и отворање на нашиот пат кон Брисел. Периодот пред нас припаѓа на спроведувањето на политиките кои се поддржани од граѓаните, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани новости