891
СДСМ на денешната седница на Централниот одбор, одлучи мандатар за состав на новата влада да биде лидерот на партијата Зоран Заев.
Тој на средбата беше пречекан со аплауз и овации и доби акламативна поддршка од сите членови на одборот.
Ова следува откако ДУИ вчеравечер информираше дека ќе му ги даде 10-те потписи на Заев за состав на влада, но потенцираше дека тоа е само формално, а за коалиција допрва ќе преговара. Претходно на Заев потписи му ветија и од БЕСА и Алијансата на Албанците, што му се доволни за обезбедување мнозинство во парламентот.
Лидерот на СДСМ најави нова влада до почетокот на март. Неговиот ривал пак, Никола Груевски рече дека неговата партија „ќе преземе мерки” против оваа влада и најави дека се можни немири.