ВМРО-ДПМНЕ: Ќе преземеме соодветни мерки против коалиција СДСМ-ДУИ

by fokus

Доколку СДСМ и ДУИ успеат да се договорат за коалиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави и најави дека ќе преземе „соодветни мерки”, не откривајќи што значи тоа. Ова го информираа денеска од партијата по вчерашниот состанок на Извршниот комитет.

– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја актуелната политичка состојба заклучи дека неповратно е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ без учество на ДУИ во идната извршна власт. Дел од членовите на предлог-законот за јазици на кој што се согласил СДСМ, а беа обелоденети во медиумите, се целосно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и исклучително опасни и штетни по државните и националните интереси. Ваквите предлози и отстапки на СДСМ може да предизвикаат долгорочна штета и носат огромен потенцијал за да предизвикаат тензии и нестабилност на подолг период. Истовремено, голем дел од решенијата кои беа обелоденети со ништо нема да им помогнат за подобар живот на Албанците во Македонија – се вели во соопштението.

Од ДПМНЕ велат дека ќе се спротивстават на донесувањето на законот и ќе преземат „соодветни мерки” за да ја заштителе волјата на мнозинството.

Поврзани новости