Заев најави реформска влада

by fokus 17:03
17:03

-Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Р.Македонија- изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев, на седницата на Централниот одбор на која доби целосна поддршка да биде мандатар за состав на нова влада.

-Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија! Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и се што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејки се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Р.Македонија- порача Заев.

- Advertisements -

Тој додаде дека во периодот што следи, ќе работат на владината програма.

Поврзани новости