Заев: Македонија победува!

by fokus

„Македонија победува”  – напиша лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил, додека се уште трае средбата во Клубот на пратеници.

Потписниците на Пржино веќе го избраа Љузмим Хазири за последното место во ад-хок телото за медиуми, како и Санта Аргигова за нова уредничка на информативната програма на МТВ.

Со тоа се тргнаа и последните пречки за избори наесен. Сега се чека во Клубот на Пратеници да се врати Груевски и официјално да се соопшти дека изборите ќе се одржат на 11 декември.

 

Поврзани новости