Санта Аргирова нов уредник на информативната програма на МТВ

by fokus

Санта Аргирова е новиот уредник на информативната програма на јавниот сервис.

Таа на оваа позиција доаѓа на предлог од СДСМ, кој денеска го прифатија и трите останати политички партии. Аргирова на оваа фунција во МТВ ќе стапи сто дена пред избори.

Освен тоа, во однос на медиумските реформи, предмалку партиите конечно се договорија и го комплетираа составот на ад-хок телото за медиуми кое ќе го следи изборното известување.

Според консензусот меѓу СДСМ и ДУИ, петтиот член во ад-хок телото за медиуми ќе биде Љуљзим Хaзири,поранешен дописник на МТВ од Гостивар.

По овој напредок, се очекува во секој момент на лидерската средба да се врати Никола Груевски, по што ќе се потпише договор за одржување избори на 11 декември.

Поврзани новости