Дефинитивно избори на 11-ти декември

by fokus 20:54
20:54

Четворицата лидери потписници на договорот од Пржино се договорија изборите да се одржат на 11-ти декември.

Според потпишаниот договор, до крајот на неделата ќе биде изгласана новата преодна Влада. Таа ќе биде во ист формат како и претходно, односно опозицијата ќе назначи министри во МВР и во труд и социјална политика, како и заменик-министри во финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.

Министер за внатрешни работи повторно ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ.

В петок ќе биде именувана и Санта Аргирова за главен уредник на информативната редакција јавниот сервис, а Љуљзим Хазири е петтиот член на ад хок телото за мониторинг на медиумите пред изборите.

dogovor-za-izbori

Договор за избори потпишан од четворицата лидери

 

Поврзани новости