Заев: Македонија има специјално место на овој Самит на ЕУ како лидер во регионот

by fokus 20:20
20:20

Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место на ова издание на Самитот на ЕУ за Западен Балкан. Со постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство со Грција, како и со датумот за преговори со ЕУ, нашата земја е препознаена како лидер во регионот од аспект на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, изјави премиерот Заев по повод учеството на македонската делегација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Лондон.

– Начинот на кој нашата земја ги затвори отворените прашања со сите соседи е модел за успешна приказна што ја поздрави целиот демократски свет, и посебно нашите соседи и нашите партнери во Европската Унија, рече Заев.

- Advertisements -

Како што соопшти владината прес-служба, во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ-Западен Балкан, тој истакна дека станува збор за респектибилен собир кој оваа година беше посветен на регионалната економската соработка како суштински дел од интегративните процеси на ЕУ, на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите, тема на која, вели, целосно е фокусирана ЕУ и сите останати европски земји.

Според него, на овој Самит дошла до израз уште еднаш определбата на сите земји во регионот да споделуваат европски ставови и вредности во однос на заедничко поврзување и соработка.

Поврзани новости