Мицкоски во дрес на Вардар запали свеќа пред Собрание за Саздо

by fokus 20:38
20:38

Пред Собранието започна мирен собир во чест на загинатиот член на навивачката група Комити, 20-годишниот, Никола Саздовски, кој на 29 јуни беше нападнат и брутално претепан од три лица, а вчера им подлегна на повредите.

На собирот присуствува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се појави во дрес на Вардар и пред сликата на младиот навивач, поставена непосредно пред Собранието, запали свеќа, објави Макфакс.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Потоа Мицкоски го соблече дресот и го остави во чест на Саздо.

Собирот се одржува без пароли, без извици, во чест на предвреме починатиот Саздовски.  Меѓу присутните на собирот е и Солза Грчева, лидерка на партијата „Глас за Македонија“.

ФОТО: Макфакс

Поврзани новости