574
Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници.
Таравари вечерва во гостување на ТВ Сител ја обвини власта дека ѝ нудела пари на пратеничка од нивните редови за да премине во актуелното парламентарно мнозинство.
„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“, соопшти Заев.