Премиерот Заев Заев, во разговор за Призма, ги расчисти дилемите каде ќе се потпише историскиот договор помеѓу Македонија и Грција.
„Беше предложена, и остана – Преспа. Во мое, и во присуство на премиерот Ципрас, и други министри во двете влади, Договорот за конечно решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји ќе го потпишат двајцата министри за надворешни работи. На церемонијата се поканети и доаѓаат високи гости и наши пријатели од ЕУ и од ООН, од кои добивавме целосна поддршка низ прoцесот“, изјавил премиерот за Призма.
Церемонијата ќе се одржи во недела и ќе има две содржини.
„Потпишувањето на договорот ќе се случи на грчката страна на езерото, а официјалната средба и ручекот со делегацијата на грчката влада и со гостите ќе биде на нашата, на македонската страна. Очекувам овој настан да биде и да остане симбол на поврзување во регионот и пошироко“, вели Заев.
Заев додава дека овој договор јасно и транспарентно се утврдуваат чекорите според кои се предлага тој да биде реализиран.
„Во договорот недвосмислено стои дека конечната одлука ќе ја донесат граѓаните – на референдум. Иванов со своето однесување, практично, им го порекнува тоа право на граѓаните, на сите граѓани. Кој му го дава тоа право?“, прашува премиерот.