Влада: Договорот ќе се потпише во Грција, а потоа на ручек на македонска страна

by fokus

Договорот за името ќе се потпише во недела, а настанот ќе биде поделен на два дела, и тоа еден дел на македонска а дел на грчка територија. Сепак познато е дека договорот ќе биде потпишан во Грција, а потоа ќе следува средба на македонска страна, информираат од Владата.

Точната локација и време на потпишување ќе биде позната утре по 18 часот.

Договорот ќе го потпишат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас. Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе присустуваат на настанот.

Од почетокот на наредната недела пак ќе се усвои Закон за ратификација, по што истиот ќе се испрати во Собрание на гласање. За уставни промени од Влада брифираат дека е рано, односно тоа прашање би се разгледувало по оддржување на референдумот.

Поврзани новости