Заев кон ВМРО-ДПМНЕ: Покажете државничко однесување!

by Fokus

Патот кон независноста е поплочен со заложбите, напорите и саможртвата на огромен број генерации. Овој вековен идеал на македонската историја се исполни на 8 Септември, пред 29 години, кога застанавме еден до друг, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, кога се обединивме во создавањето заеднички дом за сите. Денес, ја славиме независноста слободни и отворени кон светот. Ја имаме неповторливата можност да седнеме на масата на европските држави. Да го зграбиме моментот и самоуверено да породлжиме по европскиот пат, порача премиерот Зоран Заев во денешното обраќање по повод Денот на независноста, 8 Септември.

Пред гостите на централната свеченост што се одржа во дворот на Владата, Заев го потенцираше значењето на 8 Септември 1991 година, денот кога, рече, граѓаните на Република Македонија на сите идни поколенија им го дадоа најголемиот подарок – независноста на државата. Но, се осврна и на актуелните предизвици. Подвлече дека за модерна, успешна и европска земја, е подеднакво важно учеството на секој граѓанин. Во оваа прилика, Заев ја повика опозицијата да ги напушти, како што рече, тесноградите партиски интереси и да покаже државничко однесување.

Поврзани новости