628
Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ја примил неговата порака и ги сменил своите политики.
-Со прочистувањето 450 луѓе беа сменети. И повторно ќе има промени, тоа не е спорно. Јас кога реков се оградувам од Мерко, стигна и до него пораката, тој почна да отстранува објекти. Некои велат само четири платформи се, тој вели дека се 24 и продолжува понатаму. Благодарение на тие пораки во политиката, УНЕСКО ни даде уште две години за ги средиме работите, рече Заев.