Арсовска: Не постои градежна мафија, постои урбана мафија

by fokus

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека таа смета дека ниту една голема површина, не смее преку ноќ да стане висококатница.

-Не постои градежна мафија, постои урбана мафија. За некој да гради, тоа не е само концепт на цигли. Некој овозможил таму да се вцрта доволно голем објект, за некој да му се иплати да гради. Доколку се биде транспарентно,граѓаните да имаат можност да гледаат каде и што се планира, нема да се повторат овие грешки. Мое лично убедување е дека ниту една голема површина, не смее преку ноќ таму да никне висококатница, вели Арсовска.

Поврзани новости