Заев: Ќе се дознае вистината за смртта на Никола Младенов

by fokus

-Не можеме да бидеме земја дури не се дознае вистината масакрот кај Смилковско езеро. Да биде отриена вистината за смртта на Мартин Нешковски и Никола Младенов. Вистината за Диво Насеље. Секоја земја има обрвска да отрие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Македонија! – порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Охрид и вети дека вистината ќе биде откриена.

Заев порача дека власта нема да избега од одговорност иако, како што рече, очајнички се обидува.

– Слушам, купувале пасоши. Зошто им се?!. Ја предупредувам граничната полиција на 11 декември да гледа кој ќе бега. Ветив и ќе остварам, сите кои се огрешиле, ќе одговараат, Не само што ќе одговараат, туку и парите ќе ги вратат – рече Заев.

Тој повтори дека во Скопје на Триумфалната капија ќе стои бројчаник кој ќе го покажува секој вратен денар во државата.

Поврзани новости